Почетна СценаСредба министерот Османи со претседавачот на Воениот Комитет на НАТО, адмирал Бауер

Средба министерот Османи со претседавачот на Воениот Комитет на НАТО, адмирал Бауер

од nenad
1 минути читај за




Актуелните безбедносни предизвици, со фокус на војната во Украина и последиците од истата, како и мерките кои ги презема Алијансата со цел адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето, биле темите за кои се разговарало на средбата. Во тој контекст, како што соопштија од МНР, се осврнале на неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус и значајните одлуки кои ги усвоија лидерите на земјите – членки, со што, уште еднаш се потврди единството на Алијансата.

   

Османи нагласил дека Северна Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, го истакнал нашиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на два проценти од целокупниот БДП за одбраната.

Како што информираа од МНР, посебен акцент на средбата бил ставен на актуелните состојби во Западен Балкан.
– Алијансата останува посветена и фокусирана кон нашиот регион, кој е од стратешко значење за НАТО. Сигурноста и просперитетот на Западен Балкан е еден од нашите надворешно – политички приоритети и со оглед на тоа преземаме про – активна улога за унапредување на евро – атлантските интегративни процеси и зачувување на стабилноста и просперитетот, заклучил Османи.