Вицепремиерката Грковска го информираше амбасадорот Гир за новата Стратегија за транспарентност на Владата, која беше подготвена во соработка со граѓанскиот сектор, како и за измените на Законот за рестриктивни мерки и финализацијата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.
На средбата стана збор и за активностите поврзани со дигитализацијата, процес кој вицепремиерката Грковска го координира, за активностите на Националниот совет за дигитална транформација на општеството, како и за потребата од креирање одржлив систем за координација на донаторската помош.
Во однос на регионалната соработка, Грковска на средбата информираше дека во тек е регистрација на Регионална академија за добро владеење со седиште во Скопје, која се формира во соработка и со поддршка на Советот на Европа, како и за досегашните активности на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција.