Познатата пејачка Ана Николиќ се огласи на социјалните мрежи со итно соопштение, тврдејќи дека настапот во Рума, кој последниве денови се рекламира, е чиста измислица и дека таков концерт никогаш не бил закажан.
Ана откри дека нејзиниот лик бил злоупотребен за промоција на лажен концерт, со што нејзината публика била доведена во заблуда. На рекламниот постер, кој пејачката го сподели, стои нејзина фотографија и најавата дека ќе настапи на 16 август на познатите базени во Рума, како и дека билетите веќе се во продажба.
Само сакам да ги известам сите добри луѓе – овој концерт никогаш не бил закажан и сите кои учествувале во оваа измама на мојата публика и во злоупотребата на мојот лик и дело ќе одговараат“, напиша Ана, додавајќи: „Ова е лажен концерт. Срамно и бедно!“
Поврзани објави
Фановите ѝ изразија силна поддршка во коментарите, а некои сведочеа дека спорните постери, покрај на социјалните мрежи, се појавиле и на билборди во Сремска Митровица.
Инаку, неодамна во јавноста како бомба одекна веста дека Ана била претепана. На видеото кое кружеше на Интернет се гледаа гребаници по лицето, оток и исеченици. Сепак, на крајот се испостави дека информацијата е лажна и дека за целата ситуација е виновен нејзин „пријател“.
Фото: Printscreen Инстаграм