Почетна ПопуларноСпасовски: Нема да дозволиме навреди кон Македонија и македонскиот народ

Спасовски: Нема да дозволиме навреди кон Македонија и македонскиот народ

од nenad
3 минути читај за

Одлуките за тоа дали некому ќе му биде забранет пристап на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари во сабота во црквата Св Спас ќе зависи од анализите кои се прават и од податоците со кои располагаме, а се во функција на обезбедување мирно и достоинствено чествување на настанот, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Зборувајќи за тоа дека граѓани од Бугарија се очекува да дојдат на чествувањето в сабота во Скопје, по најавите на претседателот на Здружението „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов дека доаѓаат околу 150 лица, Спасовски рече дека се разменуваат податоци со колегите од Бугарија.

– Клучно за нас ќе биде дали имаат намера било какви структури кои што сакаат да се организираат да предизвикуваат проблеми да изразуваат непочит кон граѓаните, кон државата и врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Така што сите опции се отворени и впрочем постојат и законски основи за тоа. Опциите ќе зависат во основа од анализите кои ги правиме сите ние во штабот врз основа на прибрани податоци и информации и на крајот одлуката треба да биде во функција на она што претходно го говорев, мирно достоинствено чествување со кое што ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и дека знаеме со посебна почит да празнуваме денови кои се важни за нашата историја, подвлече Спасовски во гостувањето на националниот сервис.

Прашан можно ли е некому да не му биде дозволено да ја помине македонската границата и конктерно како ќе биде постапено доколку в сабота во земјава пристигне европратеникот Ангел Џамбаски, Спасовски повтори дека секоја одлука ќе биде согласно анализите.

-Многу интерсно е ова прашање кое предизвикува интерес во јавјноста. Реков дека анализи ќе се прават и врз основа на тие анализи ќе ги носиме одлуките во секој поглед. Меѓутоа едно треба да бидат сигурни граѓаните дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ, порача Спасовски.

Во однос на понудата од Главниот комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи Станимир Станев дека Бугарија може да обезбеди помош во полицајци ако има такво барање од македонското МВР, Спасовски изјави дека нема потреба за тоа.

-Македонската полиција има капацитети кои што гарантираат стабилност и безбедност и е подготвена во целост не само за овој туку и за кој било настан и пригода да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓањите. Тоа е врвен пориоритет. Нема поединец, група или партија која може да биде посилна од државата и треба да ни биде јасно на сите. Второ, има одбор кој се грижи за организацијата сите делегации кои сакаат да положат цвеќе се најавуваат, редот ќе се воведува врз онова на план од македонската полиција и нема да имаме никаков проблем, рече Спасовски повторувајќи го уште еднаш апелот за мирно и достоиинствено чествување на настанот.

Тој посочи и дека засега нема информации за евентуално присуство на високи официјални државни претставници од Бугарија на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје, но доколку има такви најави ќе информираат навремено.

Инспирирано од: infomax.mk