Денес ретко кој ја консумира оваа житарка, што е голема грешка, бидејќи многу е корисна за нашиот организам
Јачменот, иако помалку е застапен во модерните менија, претставува вистинско мало богатство, полно со влакна и витамини.
Особено се издвојува како добар сојузник за зачувување на здравјето на зглобовите, кожата, косата и ноктите – благодарение на високата содржина на аминокиселината лизин. Лизинот е клучен за производството на колаген, протеин што ја сочинува основата на сврзното ткиво во телото. Без него не би било возможно да се одржи кожата цврста и еластична, ниту пак зглобовите подвижни. Колагенот, исто така, се содржи во ноктите и косата, па неговиот дефицит може да доведе до кршливост и загуба на сјајот.
Јачменот во својот состав содржи и изобилство на витамини Б, како и витамини А и Е, кои дополнително придонесуваат за општото здравје. Неговата лесно сварлива текстура го прави идеален за сите возрасти, а особено благотворно дејствува на дигестивниот систем.
Излупените зрна од оваа житарка може да се приготвуваат на разни начини. Еден од поедноставните хранливи рецепти е јачменовата каша.
Состојки:
Поврзани објави
- 2 чаши излупен јачмен
- 4 чаши вода
- 6 чаши млеко
Приготвување:
Вечерта пред да ја приготвувате кашата, потопете го јачменот во вода и оставете го да отстои така во текот на ноќта. Следниот ден измијте го и процедете го, па ставете го во загреано млеко. Кога млекото ќе почне да врие, намалете ја температурата, поклопете и гответе на тивок оган околу 90 минути, додека јачменот стане мек и кремлив.
Оваа едноставна и вкусна каша е одличен начин природно да го зајакнете организмот на здрав начин.
ФОТО: Toa Heftiba / Unsplash