Почетна Убавина и здравјеСо мама и на сцена, но сите го коментираа невообичаеното место на кое се фотографираа – Убавина и здравје

Со мама и на сцена, но сите го коментираа невообичаеното место на кое се фотографираа – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На социјалните мрежи, деновиве се појави фотографија која стопли илјадници срца – пејачката Александра Пријовиќ објави емотивен момент со својот син Александар

На социјалните мрежи, деновиве се појави фотографија која стопли илјадници срца – пејачката Александра Пријовиќ објави емотивен момент со својот син Александар.

На фотографијата се гледа како мајката и синот се во искрена и топла прегратка што го одразува највредното – љубовта кон семејството. Сликата најверојатно настанала за време на настап на Пријовиќ и тоа зад сцената бидејќи се гледа дека таа е облечена во сценска облека и подготвена е за сцена, а сите коментираа дека синот ѝ е вистинска поддршка на својата мајка и дека ја следи дури и на доцните настапи пред бројна публика кои знаат да бидат напорни за мало дете.

Александра Пријовиќ, која е во брак со Филип Живојиновиќ – син на поранешниот тениски ас Боба Живојиновиќ и посинок на балканската музичка икона Лепа Брена – во изминатите години изгради не само блескава кариера, туку и хармоничен семеен живот.


Поврзани објави

Пред шест години, семејството Живојиновиќ со радост му посака добредојде на новиот член – малиот Александар. Тој денес е симбол на нивната заедничка среќа и љубов, а обожавателите често велат дека тој е совршен спој од мајка му и татко му.

Неодамна, Александра и Филип го споделија уште едно радосно семејно изненадување, кое дополнително ги разнежни нивните следбеници, имено дека ќе станат родители по вторпат. Јавноста заега не е упатена дали е во прашање братче или сестриче на малиот Александар.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/aleksandraprijovic/