Почетна Балкан Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

од nenad
1 минути читај за
Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор : Kurir.mk

Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING