Почетна БалканСообраќајот на патиштата по влажни коловози – Курир

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози – Курир

од nenad
1 минути читај за
Сообраќајот на патиштата по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег, кој не се задржува на коловоз, има од Лисец до Попова Шапка, известуваат од ЈП „Македонија пат“.

Од јавното претпријатие посочуваат дека по засеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП „Македонија пат“ апелира внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот.

Оттаму, известуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Извор : Kurir.mk

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози