Почетна БалканСообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови – Курир

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови – Курир

од nenad
1 минути читај за
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.

Како што информираат, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

Извор : Kurir.mk

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови