Почетна ЕкономијаСообраќајот на државните патишта е непречен и се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта е непречен и се одвива по влажни коловози

од nenad
0 минути читај за

Протокот на возила на магистралните патишта се одвива тековно, по навлажнети коловози. Густината на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните зони е со среден интензитет.

На граничните премини од наша страна, нема поголеми чекања за влез и излез од земјата.

АМСМ советува прилагодена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно ракување со возилата, особено на делниците низ долините, речните корита и тесните премини, каде што постои веројатност од појава на свлечишта.

Ова особено важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.