Денеска во Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време, но со благ пад на температурите и со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8. Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 39 степени.
Додека пак во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и почетокот на следната недела на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
- Весна и Власта – уметнички перформанс за затворање на АКТО 18
- Снепчат го инаугурира својот сопствен чатбот под името „My AI“ поддржан од GPT-поддршка на македонски јазик.
- Екипата на ТВ 24 вербално нападната на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ
- Кумановец ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно дете – МАКТЕЛ