Почетна МакедонијаСКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА БОТАНИЧКА ГРАДИНА Со неа ќе се кандидира за Европска престолнина на културата 2028

СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА БОТАНИЧКА ГРАДИНА Со неа ќе се кандидира за Европска престолнина на културата 2028

од nenad
1 минути читај за




Се уредува новата Ботаничка градина која е сместена во рамки на Зоолошката градина и се простира на 12.600 квадратни метри. Во неа ќе бидат засадени повеќе од 4.600 уникатни дрвја и садници, ќе се постави нова урбана опрема, видиковци и бројни други содржини за посетителите, соопшти Град Скопје.

   

Во моментов таму интензивно работат екипите на Улици и патиштаи Паркови и зеленило.

– Ботаничката градина ќе биде ново зелено катче за одмор и рекреација на посетителите, но и за прикази на ретки или необични растенија, едукативни часови од ботаничари, хортикултуристи и градинари, како и настани за најмладите генерации. Овој претходно празен и неуреден простор ќе биде природен спој меѓу Зоолошката градина и Градскиот парк, а нејзиното уредување ја збогатува нашата понуда во рамки на кандидатурата на Скопје Европска престолнина на културата 2028 – истакна денеска градоначалничката Данела Арсовска.

Уредувањето на градината се одвива етапно во фази, екипите на ЈП Улици и патишта работат на изградба на пешачките патеки, додека екипите на ЈП Паркови и зеленило поставуваат хидрантска мрежа и систем за наводнување пред целосно зазеленување на просторот.

Во градината ќе се засадат автохтони видови растенија кои се природно распространети во Македонија, но ќе има и алохтони видови – растенија донесени однадвор. Ќе се засадат и ендемични растенија кои што се специфични само за Македонија.

Уредувањето на Ботаничката градина е дел од низата проекти од програмата „За модерно Скопје“ за подигнување нови зелени површини во градот.