Почетна Убавина и здравјеСкока од радост – време е да го откриеме полот на бебето – Убавина и здравје

Скока од радост – време е да го откриеме полот на бебето – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Како што објавија српските медиуми, водителот и актер Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра решиле да стават точка на бракот на почетокот на годината, по 18 години заеднички живот, кога сфатиле дека за нив и за нивните деца е најдобро што секој да тргне по својот пат.

Тие, наводно, многу брзо се договориле спогодбено да се разведат и да го поделат брачниот имот, за сè да помине што побрзо и побезболно, пред сè, заради доброто на нивните две деца, пишува српски „Курир“.

По веста за разводот на славниот пар, Сандра не се огласуваше. Дури сега на својот инстаграм-профил објави фотографија која потврдува дека сопругата на Милан Калиниќ е многу среќна.


Поврзани објави

Имено, нејзината добра пријателка е бремена, а очигледно дошло време да се открие полот на бебето, па од сините балони и синиот елек на Сандра можело да се заклучи дека ќе биде машко.

На фотографијата може да се види како Сандра скока од радост и ужива во друштвото на својата пријателка која моментално го минува најубавиот период во животот, а таа како и секоја вистинска пријателка, ѝ е голема поддршка во ваквите моменти од животот.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин @kalinicsandra