Американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО, изјави неименуван владин претставник за Си-Ен-Ен.
Според него, Бајден би бил подготвен да го отфрли Планот за членство (МАП) за Украина, кој беше опишан во договорот од 2008 година како „следен чекор за Украина. . .
на нивниот директен пат кон членство“.
МАП, окарактеризиран како „програма за совети, помош и практична поддршка прилагодена на индивидуалните потреби на земјите кои сакаат да се приклучат на Алијансата“, е процес низ кој мораа да поминат другите земјиза да се приклучат на НАТО.
Нејзиното отстранување би било мал чекор кон олеснување на пристапот на Украина во одбранбениот сојуз.
Тоа е дел од предлогот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за кој се разговараше кога двајцата лидери се сретнаа во Вашингтон претходно оваа недела. мс/ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА