Почетна ТехнологијаСинот на Мијалков ги купи конфискувани станови на неговиот татко

Синот на Мијалков ги купи конфискувани станови на неговиот татко

од nenad
2 минути читај за

Овие станови се наоѓаат на Водно, на улицата Славејко Арсов, во непосредна близина на куќата на Мијалков, која, исто така, беше конфискувана, но тој си ја врати тапијата откако за неа уплати еден милион евра.Пред неколку месеци овој имот се продаде за вкупна цена од 332.276 евра, но сопственикот не се откриваше. Директорот Дритон Небиу за ,,Фокус” вели дека тогаш ја немале информацијата.Гледајќи ја сумата што легна на државната сметка, пак, може да се заклучи дека продажбата поминала без големо наддавање, бидејќи била извршена речиси според вредноста на проценетите апартмани.

   

Па така, двата стана со површина од по 73 квадратни метри, од Бирото за вештачење беа проценети на вредност од по 101.500 евра, третиот со површина од 78 квадратни метри на 106.800 евра и гаражата од 30 квадрати за 20.400 евра.
Тие што учествувале на аукцијата, морале да наддаваат, односно не може да се оди под цената што ја одредила Бирото за судски вештачења.

Нашата пресметка покажува дека имотот бил проценет на 330.200 евра, а бил продаден за само 2.000 евра повеќе.
Па, од тука се и забелешките дека апартманите се проценети на многу ниска вредност, бидејќи за еден квадрат е барано 1.370 евра, а пазарната вредност на таа локација е до вртоглави 3.000 евра за квадрат.Директорот Небиу за ,,Фокус” вели дека ова е парадоксална ситуација, но за жал таков е законот.

-Законот спречува само осуденото лице да не учестувува на продажбата, но не и неговата фамилија. Ова е парадоксална ситуација, од таткото да завршат кај синот, и досега сум реагирал и барав измени на законот, но тоа не е направено, ни изјави директорот.И според законот е јасно дека на јавната лицитација нема право да учествува осуденото лице од кое е одземен имотот, но вакво ограничување нема за неговото семејство.

„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице што службено учествувало во постапката за продажба“, се наведува во условите.Тоа значи дека на јавните аукции можеле да учествуваат неговите деца, сопругата, семејните фирми…