Вкупната вредност на синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај оваа година достигна 68.743 денари. Во споредба со април, кога таа изнесуваше 68.797 денари, забележано е намалување од 54 денари, информира денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари.
Во текот на мај, средствата неопходни за храна и пијалоци изнесуваа 25.475 денари. За едукација беа издвоени 7.192 денари, додека за набавка на облека и обувки беа потребни 6.334 денари. Трошоците за домување, кои вклучуваат станарина, вода, електрична енергија и греење, изнесуваа 6.338 денари, а за превоз беа одвоени 5.041 денар.
Извор: МИА