Почетна ЕкономијаСЗО: Алармантна неухранетост во Газа

СЗО: Алармантна неухранетост во Газа

од nenad
1 минути читај за

Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде предупредување, истакнувајќи дека нивото на недоволна исхранетост во Појасот Газа достигна „алармантна“ фаза, припишувајќи го тоа на „намерното блокирање“ на хуманитарната помош, што резултира со голем број човечки загуби.

„Неухранетоста во Појасот Газа следи опасна траекторија, со врв на смртни случаи забележан во јули“, се наведува во соопштението на СЗО.

Во изјавата се додава: „Најголем дел од овие луѓе беа прогласени за мртви при пристигнување во здравствените установи или починаа набргу потоа. Нивните тела покажуваат очигледни знаци на тешка исцрпеност“.

СЗО, заедно со други агенции на ОН, подолго време укажува на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, предупредувајќи дека немањето доволно храна, вода и лекови предизвикува пораст на бројот на жртви, особено кај децата и постарите лица.

ссм/фото: архива. Извор: МИА