93
Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, господин Јосиф, денеска му беше домаќин на гостиварскиот муфтија на Исламската верска заедница (ИВЗ), Х. Сабахудин еф. Зендели, соопшти Епархијата.
Регионалните челници на православната и исламската верска заедница се сретнаа во просториите на епархијата во Гостивар.
Владиката и муфтијата разговарале за теми од интерес на двете страни, а воедно муфтијата упатил честитки до г.Јосиф и православните верници за претстојните празници (Бадник и Божиќ), со желба да ги поминат празничните денови што поубаво со семејството и блиските, со здравје и радост.