Почетна ВестиСЕ РЕКОНСТРУИРА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ“ Затворена патеката за пешаци од Влае кон Карпош

СЕ РЕКОНСТРУИРА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ“ Затворена патеката за пешаци од Влае кон Карпош

од nenad
1 минути читај за




Поради извршување на градежни работи на мостот „Обединети Нации“, денеска ќе биде затворена за движење патеката за пешаци во насока од Влае кон Карпош.

   

Од ЈП Улици и патишта Скопје упатија известување до граѓаните дека денеска на тротоарот на мостот „Обединети Нации“ се изведуваат градежни работи за санација на мостот и дека е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Пешачката патека ќе биде затворена за движење до завршувањето на градежните активности.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.