Почетна Убавина и здравјеСе развела за да се венча со актерот, а сега сите ѝ се смеат – Убавина и здравје

Се развела за да се венча со актерот, а сега сите ѝ се смеат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ана била убедена дека флертува со Бред Пит и толку се вљубила што го оставила сопругот милионер со цел да се омажи за актерот – немала поим дека станува збор за измама

Многу луѓе сонуваат за романтична врска со својот омилен актер или пејач. Токму оваа женска слабост ја искористиле овие измамници и украле повеќе од 800 илјади евра од Ана од Франција.

Ана верувала дека ѝ пишувал вистинскиот Бред Пит, го напуштила сопругот милионер, а парите што ги добила по разводот, му ги испратила на својот нов љубовник.

53-годишната Ана работела како дизајнерка на ентериер. Во 2023 година првпат се регистрирала на социјалните мрежи, бидејќи многу сакала да ги сподели своите фотографии од својот одмор во ски-центар. По некое време, го запознала „Бред Пит“ на Интернет, а подоцна ја контактирала мајката на актерот, која ја убедила Ана дека на нејзиниот син му треба жена како неа.

Французинката не поверувала веднаш дека ѝ пишува вистинскиот Бред. Но ја увериле фотографиите и видеата што измамниците ги направиле со помош на вештачка интелигенција. Како резултат на тоа, Ана, која веќе размислувала да се разведе од својот сопруг, поднела документи и го напуштила сопругот поради новиот љубовник.

„Холивудскиот актер“ брзо преминал од флертување на изјави на љубов и понуда за брак. Измамникот кажал и дека ѝ испратил скапа чанта и накит на Ана, но за подарокот требало да плати повеќе од 5000 евра за царина.


Поврзани објави

Набрзо, Пит објавил дека има рак на бубрезите и дека итно му треба скапо лечење. Тој самиот не можел да плати, бидејќи сметката му била блокирана поради бракоразводната постапка со Анџелина Џоли. Во тоа време, Ана веќе била вљубена до уши и не сакала да изгуби некој кој ѝ е близок. Жената повеќепати му испраќала големи суми на измамникот, потрошувајќи вкупно 800 илјади евра за да го спаси животот на Пит.

Ана се посомневала дека нешто не е во ред кога го видела вистинскиот Бред Пит со неговата љубовница Инес де Рамон. Но измамникот побрзал да ја разубеди и ѝ испратил видео од вести генерирано со помош на вештачка интелигенција, во кое се наведува дека врската помеѓу Бред и Инес е лажна, и дека Пит, всушност, е вљубен во Ана. Французинката веднаш поверувала во таа приказна, но конечно сфатила дека сè е лага кога го видела со Инес на црвениот килим.

„Ми се допаѓаше личноста со која разговарав. Знаеше да комуницира со жените, секогаш го правеше тоа добро. Благодарение на неговиот начин на говор и поезија, бев опсипувана со љубовни пораки. Од овој човек добив сè што може една жена да посака“, изјавила Ана.

Поради измамникот, жената не само што изгубила голема сума на пари, туку се скарала и со пријателите и ќерка ѝ. Неколку пати се обидела да изврши самоубиство, по што била хоспитализирана со тешка депресија.

ФОТО: Јутјуба