Почетна Убавина и здравјеСе појави досега невидено видео од Цеца Ражнатовиќ – Пејачката ги забавува гостите под шаторот (ВИДЕО)

Се појави досега невидено видео од Цеца Ражнатовиќ – Пејачката ги забавува гостите под шаторот (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Снимка од пред 30 години ја прикажува Цеца на семејна прослава, кога сè уште не беше балканска дива.

На социјалните мрежи се појави стара и ретко видена снимка од Светлана Цеца Ражнатовиќ, снимена далечната 1990 година. На видеото се гледа младата Цеца, само 17 години, како пее на семејна прослава под шатор, во село Велика Крсна. Сцената изгледа како дел од некое друго време – без голема бина, без рефлектори и без гламур.

Цеца на снимката носи едноставен зелен фустан од тексас и големи обетки, а настапува со народни и староградски песни. Го нема сјајот на денешната балканска ѕвезда, но присуството ѝ е моќно. Пее со срце, а луѓето околу неа уживаат и пеат заедно со неа.

@tracariicatv #foryoupage #fyp #bosnia #serbia ♬ original sound – Tracarica TV


Поврзани објави

Многумина што ја виделе снимката коментираат дека тоа било едно поскромно, но поискрено време.

Се гледа дека е родена за сцена, уште од млада,“ напишал еден обожавател, додека друг додал: „И тогаш беше жена од народот.“

Иако денес Цеца настапува на големи сцени пред илјадници луѓе, оваа стара снимка е потсетник на нејзините почетоци и скромните корени. Фановите велат дека токму затоа ја сакаат – затоа што никогаш не заборавила од каде почнала.

printskrin Youtube-blic ceca raznatovic