Голем број американски корисници на социјалната мрежа Тик Ток, на која и се заканува забрана во САД, се префрлаат на друга кинеска платформа, Сијаохонгшу (Xiaohongshu), пренесува Ројтерс. Само во текот на минатата недела повеќе од три милиони американски корисници пристапија до оваа платформа.
ТикТок се соочува со можна забрана во САД од 19 јануари, освен ако не се одвои од кинеската матична компанија БајтДенс (ByteDance). Врховниот суд на САД ја потврди забраната во петокот, отфрлајќи ја жалбата на ТикТок , кој има повеќе од 170 милиони корисници во САД, пишува Гардијан. Платформата Сијаохонгшу “(Xiaohongshu), која е основана во 2013 година и е со седиште во Шангај, има над 300 милиони корисници, главно жени, а нејзината вредност се проценува на 17 милијарди долари.