Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало за 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Портпаролката на Владата Марија Митева на попладневната прес-конференција рече дека ваквата одлука е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажува дека кај трговците на мало утврдено е дека има над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи ии над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибуртери утврдени се повисоки маржи кои одат дури и до 50 проценти.
