Почетна ПопуларноСЕ ОГЛАСИ МВР ПО СООБРАЌАЈКАТА НА РУЗВЕЛТОВА – Уапсен жител на Мралино кој избегал од местото на несреќата

СЕ ОГЛАСИ МВР ПО СООБРАЌАЈКАТА НА РУЗВЕЛТОВА – Уапсен жител на Мралино кој избегал од местото на несреќата

од nenad
1 минути читај за
t

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен А.С. од село Мралино, кој со својот автомобил ја удрил педесетиедно годишната В.А. од Скопје и избегал.
Како што пренесоа дел од медиумите, вчера вечерта во центарот на Скопје се случи сообраќајна незгода во која возило од марката „бе-ем-ве“ удрило во пешак и избегал.
Денеска од МВР со детали за несреќата, за која се посочува дека повредената скопјанка има тешки повреди и дека се наоѓа во градската болница.
– На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото.
По несреќата В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот А.С. и го привеле во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – посочува МВР.

.