Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк.
За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста, пишува Курир.
Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес.
Инаку во Градскиот парк во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија за МИА велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство.