Table of Contents
Ако се будите во мокри пижами и на влажна постелнина, тоа може да биде знак за тешка хипогликемија
Ноќната хипогликемија е медицински израз за ниско ниво на шеќер во крвта, кое се појавува додека спиете.
Причини за ноќна хипогликемија:
- ниски нивоа на шеќер во крвта
- вежби со среден или висок интензитет во текот на денот, пред појавата на хипогликемија
- ниско ниво на глукоза во крвта пред спиење
- дневна хипогликемија
Други потенцијални причини за низок шеќер во крвта кои се појавуваат во текот на денот или ноќта вклучуваат:
- топло или влажно време
- промени во личната рутина или распоредот
- болест
- менструација
- пубертет – кај деца со дијабетес тип 1
- голема надморска височина
- премногу инсулин
- премалку јаглехидрати
- вежбање
- консумирање алкохол
Симптоми на ноќна хипогликемија:
Најголемо предупредување се ноќните симптоми. Ако ви се појави хипогликемија навечер, може да дојде до:
- немирен сон
- потење, врела или влажна кожа
- забрзано дишење
- ненадејно забавување на дишењето
- срцебиење
- треперење
- кошмари или нарушувања на сонот
Доколку ја преспиете ноќната хипогликемија, може да почувствувате некои симптоми по будењето:
Поврзани објави
- главоболка, конфузија или раздразливост по будењето
- чувство на замор во текот на денот
- влажна постелнина и облека – кои се знаци на потење
- плачење во текот на спиењето
- нарушувања во спиењето
Ако имате проблем со ноќна хипогликемија, треба да земете јаглехидрати со брзо дејство и јаглехидрати со бавно дејство.
Личноста која покажува знаци на низок шеќер во крвта додека спие, треба да се разбуди и да земе брзо дејствувачка глукоза, како сок или слатко, а потоа би требало да изедете оброк и да го проверува шеќерот во крвта на секои неколку часа.
Како да спречите ноќна хипогликемија:
- Тестирајте го нивото на глукоза во крвта пред спиење
- Имајте редовни оброци и ужини
- Приспособете ја дозата на инсулин ако е потребно пред спиење
Од друга страна, доколку станува збор за тешка хипогликемија, потребно е да се преземат поинакви мерки. На личноста која има епизода на тешка хипогликемија и зборува нејасно, дезориентирана е или без свест, не треба да ѝ се дава храна или течност, бидејќи би можела да се задави.
Знаци на тешка хипогликемија:
- замаглен или удвоен вид
- нејасен говор
- несмасност или тешкотии со координација
- дезориентираност
- напади
- губење на свеста
Тешката хипогликемија е опасна по живот и неопходен е итен медицински третман. Во ретки случаи, тешката хипогликемија што не се лекува може да доведе и до кома или смрт.
ФОТО: Maddi Bazzocco / Unsplash