Реакцијата по инцидентот во Чачак предизвика критики за двојни стандарди
Пејачката Сека Алексиќ изрази жалење поради инцидентот што се случи на концертот на Ана Бекута во Чачак, иако дел од јавноста ја обвинува дека со месеци поддржува блокадерски протести и насилство низ Србија, што отвори нови реакции и поделени мислења.
Инцидентот се случи за време на концертот по повод Српската Нова година, кога група блокадери ја гаѓале Ана Бекута со снежни грутки. И покрај нападот и вознемирувачката атмосфера, пејачката покажа професионализам и го заврши настапот пеејќи од комбе.
Во изјава за „Блиц“, Сека Алексиќ рече дека не гледа причина за ваков напад, истакнувајќи дека Бекута има кариера без вакви контроверзии и дека станува збор за квалитетен уметник и човек, што дополнително ја изненадило од случувањата.
Поврзани објави
Сепак, критичарите сметаат дека ваквата осуда е селективна и недоследна, имајќи ги предвид нејзините претходни јавни ставови. Според нив, осудата на насилството мора да биде принципиелна и иста за сите, во спротивно таа го губи својот кредибилитет.
printskrin youtube – telegraf rs – seka aleksic