Почетна ЕкономијаСеверна Кореја ја снабдила Русија со оружје за 9,8 милијарди долари, за возврат добила 1,2 милијарди долари

Северна Кореја ја снабдила Русија со оружје за 9,8 милијарди долари, за возврат добила 1,2 милијарди долари

од nenad
1 минути читај за

Според извештајот на Фондацијата за слобода „Фридрих Нојман“, Северна Кореја транспортирала оружје и воена асистенција кон Русија во вредност од приближно 9,8 милијарди долари, како дел од договорот за поддршка на руската офанзива во Украина. Во замена, од Москва добила само 1,2 милијарди долари.

Извештајот нагласува индикации за „нееднакво партнерство“ меѓу двете држави, иако тие ја зајакнале нивната воена соработка.

Во документот се наведува дека Северна Кореја обезбедила оружје, муниција и воена помош, вклучувајќи и војници, во вредност од над една третина од нејзиниот годишен економски продукт. Од друга страна, руската надомест воглавно опфаќала помош во храна, нафта и неколку системи за воздушна одбрана, ГПС блокатори и потенцијално борбени авиони.

мс/фото: ЕПА .
Извор: МИА