Почитувани сограѓани,
Елементарната непогода наречена Борче Јовчески, продолжува со
уништувањето на градот и населените места во општина Прилеп.
Со неговата неспособност да раководи со општинската администрација,
Јовчески целосно го наруши функционирањето на локалната самоуправа, а со
инсталирањето на паралелната администрација, решавањето на основните
проблеми и потребите на граѓаните стана невозможна мисија.
Неговото најново “достигнување“ е уништувањето на манифестацијата со
дведецениска традиција – „Пивофест“.
Фестивалот на пивото и познатата прилепска скара, кој во 2003 година го
започнаа тогашната локална власт и градоначалникот од редовите на СДСМ,
стана препознатлив бренд на градот. Освен добра забава и масовна посетеност,
манифестацијата имаше и финансиски бенефит за прилепската економија, пред
се’ за угостителската и трговската дејност.
И така беше се’ до оваа година, кога неспособниот прилепски градоначалик
Борче Јовчески го “погреба“ „Пивофест“.
Не постои никаква дилема дека Јовчески е единствениот виновник за
откажувањето на фестивалот на пивото и скарата. Изговорот на суетниот
прилепски градоначалник дека Општината не е организатор туку обичен
помагател на „Пивофест“, е евтин и перфиден обид за префрлање на вината на
друга адреса.
Јасно е дека од првото издание на „Пивофест“, прилепската локална
самоуправа беше негов коорганизатор.
Впрочем, барањата за спонзорство на манифестацијата кои Општината и
градоначалникот ги испраќаа до прилепските дуќанџии, до малите и средни
фирми и големите компании, директната вклученост на општинската
администрација во организацијата на „Пивофест“, како и редица други факти, го
потврдуваат она од што Борче Јовчески сака да се амнестира.
Тоа што никој од прилепските бизнисмени и стопанственици не се отповика на
испратените барања за спонзорство, е најдобар доказ за авторитетот кој
Јовчески го ужива меѓу граѓаните и фирмите, а кој е еднаков на – НУЛА!
Заради сето ова, заради девалвирањето на градоначалничката функција и
уништувањето на градот и перспективата на прилепчани, најдоброто што Борче
Јовчески може да го направи за себе и за своите сограѓани, е да си поднесе
оставка. Колку побрзо, толку подобро за сите!
Ви благодарам.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


