Почетна Убавина и здравјеСања Вучиќ јавно побара помош за нејзината здравствена состојба – Убавина и здравје

Сања Вучиќ јавно побара помош за нејзината здравствена состојба – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Откако ја напушти групата „Хјурикеjн“, срспката пејачка Сања Вучиќ неуморно работи на својата соло-кариера. Таа редовно настапува низ Европа и регионот, но сега пејачката се огласи на социјалните мрежи и побара помош од своите следбеници.

Имено, како што истакна пејачката, таа во последно време е премногу уморна и не знае како да го реши тој проблем.


Поврзани објави

Дали знаете некои препарати, минерали, што и да е, што може да ја зголеми животната радост и ентузијазам? Да можам 20 минути да прошетам низ градот без да се прозевам или да ме боли глава. Помогнете ми! – напиша Сања Вучиќ на Твитер.

Да потсетиме, Сања неодамна проговори за својата борба со здравјето, а откри низ што поминала додека не ја разбрала причината за нејзините проблеми со тироидната жлезда.

Отидов на психијатар и помислив дека се работи за некаква депресија, која докторот на крајот ми ја дијагностицираше – изјави Сања Вучиќ, а потоа откри дека ѝ била дијагностицирана погрешна болест.