Белградските медиуми јавуваат дека креативниот директор на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ го променил тестаментот за што ја известил сопругата Сузана Јовановиќ…
Саша Поповиќ последните месеци се справува со лоша здравствена состојба, а како што пишуваа дел од медиумите, креативниот директор на „Гранд“ најпрвин бил хоспитализиран во Белград, а потоа пред неколку дена отпатувал во Париз.
Имено, тој ќе биде на зрачњењ со гама зраци во „градот на светлината“ за да се види дали неговата состојба ќе се подобри.
Додека Поповиќ ја води битката, низ локалните медиуми се појавуваат различни информации, а меѓу нив е и онаа дека естрадниот маг и рекол на сопругата Сузана Јовановиќ дека наводно го сменил тестаментот што го напишал пред неколку години.
Колку што знам, Саша направи тестамент пред неколку години, но тогаш никому не кажа за тоа. Неодамна се појави темата и тој и кажа на Сузана дека направил нов договор со адвокат. Сузана полуде и го праша дали е нормално што постојано составува нови тестаменти и дека не ѝ е јасно зошто стравува за тоа“ – открива извор близок до Саша и Сузана.
Поврзани објави
Меѓу другото додава и дека:
Саша е одличен работник, размислува што ќе прави кога ќе закрепне. Неговиот мозок никогаш не мирува, тој е многу фокусиран на работата. Саша во тестаментот ставил и неколку блиски пријатели, а сака некои од нив да добијат „ролекс“, бидејќи има колекција на часовници, а на некои сака да им остави акции“ – заклучува истиот извор за медиумите.
Фото: Инстаграм / принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: