Table of Contents
Сара Џесика Паркер го прекина секој контакт со Крис Нот по шокантните обвинувања
Љубовната приказна на Ѕверката и Кери, и по речиси три децении, останува една од најомилените некогаш снимени. Станува збор за серијата „Сексот и градот“, која се прикажуваше од 1998 година во шест сезони, по што беа снимени два филма и продолжението „And Just Like That“. Сепак, колку и да беше нивната љубов турбулентна и романтична на екраните, актерите Сара Џесика Паркер и Крис Нот во реалниот живот веќе не се пријатели.
Не можат ни да се погледнат по скандалот
Можеби на сите им стана јасно дека односите се заладени кога ликот на Ѕверката доживеа срцев удар уште во првата епизода од продолжението „And Just Like That“. Крис Нот (71) неодамна одлучи јавно да проговори зошто тој и неговата колешка веќе не се во добри односи, за време на гостување во подкастот „Really Famous with Kara Mayer Robinson“.
Актерот тврди дека тој и Сара Џесика веќе не се пријатели поради начинот на кој таа реагирала на повеќекратните обвинувања за сексуално злоупотребување изнесени против него во 2021 година. Да се потсетиме, тогаш три жени го обвинија актерот за напад, што тој категорично го негираше. Она што најмногу го погодило, како што вели, е фактот што Паркер воопшто не го контактирала пред јавно да застане на страната на жените.
Заедничката изјава што ја прекина дружбата
Сара Џесика Паркер тогаш, заедно со колешките Синтија Никсон и Кристин Дејвис, објави заедничка изјава:
„Длабоко сме потресени од обвинувањата против Крис Нот. Даваме поддршка на жените кои ги споделија своите болни искуства. Знаеме колку е тешко тоа и ги пофалуваме за храброста.“
Нот таа изјава ја нарече разочарувачка и истакна дека е јасно оти на пријателството му дојде крајот.
„Таа изјава не беше ништо повеќе од градење имиџ. Тоа беше тажно и неочекувано. Требаше да ме повика и да ја слушне мојата страна на приказната, бидејќи ме познава и работевме заедно толку години“, изјави тој, а пренесува „Пипл“.
Поврзани објави
Судирот продолжи и на Инстаграм
Ова не е првпат актерот јавно да ја критикува својата колешка. Претходно овој месец, тој објави фотографија од теретана со опис:
„**и се, Нова година – ајдее!!!“
Еден обожавател му коментирал:
„Мислиш – **и се Сара Џесика Паркер и нејзината награда, нели?“ – алудирајќи на признанието што актерката неодамна го доби.
Нот кратко одговорил:
„Така е“, што предизвика лавина реакции меѓу фановите.
Подоцна се обиде да ја смири ситуацијата, објаснувајќи дека тоа бил само „импровизиран, саркастичен одговор на коментар на интернет“.
Иако Крис Нот повеќепати ги негираше обвинувањата за злоупотребување, тој призна дека ја изневерувал сопругата Тара Вилсон, со која е во брак од 2012 година и со која има два сина – Орион (18) и Китс (5).
ФОТО: Инстаграм