Почетна Убавина и здравјеСара Мејс вчера славеше роденден, а еве како ѝ честита сопругот! – Убавина и здравје

Сара Мејс вчера славеше роденден, а еве како ѝ честита сопругот! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Димитар Атанасовски и’ го честиташе роденденот на сопругата Сара Мејс во својот препознатлив стил и ги насмеа следбениците

Македонската пејачка и харфистка Сара Мејс вчера, на 20 октомври, го прослави својот 36-ти роденден!

Сара Мејс на сцената е позната по својот автентичен уметнички израз, а приватно важи за посветена сопруга на познатиот водител Димитар Атанасовски и мајка на Илина и Кирил. Таа на социјалните мрежи, покрај тоа што објавува за своите музички ангажмани и успеси, редовно открива и делови од секојдневието на своето семејство, кои секогаш се топли, позитивни и забавни.

Вчера роденденот и’ го честитаа бројни нејзини пријатели, следбеници, соработници и колеги, а, секако, и’ честиташе и саканиот Димитар, но неговата честитка значително се разликуваше од преостанатите. Водителот повторно успеа да ги развесели следбениците со својот препознатлив хумор, како и да покаже дека односот меѓу него и Сара е исполнет со многу нежност, забава и искрено пријателство.

Тој објави фотографија од Сара Мејс на некоја прослава, дотерана во елегантен фустан со светки и „накитена“ со банкноти од 1000 и 2000 денари.


Поврзани објави

„Вечно вака накитена“, напиша Димитар кратко и јасно, алудирајќи на бакшишот што го добиваат музичарите кога настапуваат на свадби и прослави.

На неговата честитка Сара реагира со насмеани емотикончиња, а сигурно истата реакција ја предизвикала и кај обожавателите на познатата двојка.

Па, среќен роденден и од нас Сара, најубави желби!

ФОТО: ИНСТАГРАМ