Почетна ЕкономијаСанкционирани две превозни компании поради нерегуларности при вршење на јавен превоз

Санкционирани две превозни компании поради нерегуларности при вршење на јавен превоз

од nenad
1 минути читај за

Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

 Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.

А. (39) и С. А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.

 Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7,500 евра. бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА