Американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја употреби темата за санкциите како преговарачки инструмент за време на претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, објави американскиот секретар за финансии, Скот Бесент.
“Санкциите може да се засилат, може да се ублажат и може да имаат временски ограничувања. Сите опции се на маса”, изјави Бесент за телевизијата „Блумберг“.
Тој исто така напомена дека е од суштинско значење европските партнери да бидат дел од примената на санкциите, со цел да се зајакне преговарачката моќ на западните земји.
Состанокот меѓу Трамп и Путин, кој ќе се одржи во петок, ќе претставува прв американско-руски самит од 2021 година и ќе биде фокусиран на потенцијалните начини за ставање крај на конфликтот во Украина.