Пејачката Александра Пријовиќ важи за една од најстилските јавни личности на регионаланата сцена. Нејзината посветеност на изгледот и модата не престанува да привлекува големо внимание од медиумите и фановите. На една од популарните Инстаграм страници посветени на модните детали и познатите личности, неодамна се појави фотографија на која пејачката е во луксузен фустан, кој веднаш го привлече вниманието на сите љубители на модата.
Покрај самата фотографија, на Инстаграм профилот беа споделени и информации за цените на гардеробата што ја носеше Александра, што предизвика вистински бум на мрежите.
Фустанот што го носеше Александра беше оценет како исклучително луксузно парче, а неговата цена е дури 3.450 евра.
Поврзани објави
Освен фустанот, посебно внимание привлекоа и штиклите што пејачката ги комбинираше со целокупниот изглед. Нивната цена е 2.635 евра, што јасно покажува дека Александра е подготвена да инвестира во најмалите детали од својот аутфит за да создаде совршено стилско искуство.
Пријовиќ моментално ужива во поинаква состојба и претежно далеку од љубопитните погледи, по серијата големи концерти. Во семејна средина, таа трпеливо ја чека својата ќерка, која беше нејзина голема желба.
Фото: Инстаграм Принтскрин