Почетна Свет“Сакаме мир, ова е наша земја”: Нов протест на Србите во Лепосавиќ

“Сакаме мир, ова е наша земја”: Нов протест на Србите во Лепосавиќ

од nenad
1 минути читај за

Во Лепосавиќ граѓаните се собраа пред општинската зграда на мирен протест поради нивното незадоволство од насилното апсење на Србите од северот на Косово од страна на косовската полиција.
Насобраните граѓани носат транспаренти со пораки на српски и англиски јазик: „Ова е наша земја“, „Стоп за насилството на Курти“, „Не тепајте ги нашите деца“, „Србите сакаат мир“, „Стоп за институционалното насилство“…

Граѓаните бараат ослободување на Далибор Спасиќ, здравствениот работник кој во петокот беше уапсен на административниот премин Јариње, како и на Немања Влашковиќ, кој беше уапсен ден претходно во Лепосавиќ. Исто така, Душан Обреновиќ и Радош Петровиќ, кои беа уапсени на 29 мај за време на мирните протести во Звечан, како и Милун Миленковиќ, кој беше уапсен во Северна Миитровица.

Урош Вукадиновиќ, вработен во Телеком, утрово е уапсен во Лепосавиќ.