Рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе ја посети МПЦ-ОА. Како што објавија некои македонски и бугарски медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.
Посетата на рускиот владика на Скопје за Сител ја потврдил митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.
Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата.
Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.