Почетна ЕкономијаРоманија: Уапсени луѓе вооружени со мачети, тргнале кон Букурешт за да прават проблеми

Романија: Уапсени луѓе вооружени со мачети, тргнале кон Букурешт за да прават проблеми

од nenad
1 минути читај за

Полицијата во Романија привела неколку луѓе додека оделе кон Букурешт носејќи оружје, мачети и ножеви за наводно „да го нарушат јавниот ред и мир“, соопштија властите, според „Фајненшл тајмс“.Безбедносните служби испрашале најмалку 13 лица откако нивните возила во текот на ноќта биле сопрени во округот Илфов, велат полициски извори за локалните медиуми.

Властите не ги објавија имињата на притворените, но, според извори во правосудството, меѓу нив е Хорациу Потра, водач на контингент романски платеници кои наводно се бореле во африканската држава Конго. Како што пренесуваат романските медиуми, Потра во 2011 бил осуден на две години затвор со условна казна откако бил прогласен за виновен за формирање паравоена група. Денеска беше објавена снимка на која се гледа како уапсените се спроведуваат во суд.

 

Државната новинска агенција Агерпрес објави снимка на која Потра го следат неколку вооружени полицајци додека го водат на испрашување. Апсењето наводно се случило додека десетици поддржувачи на романскиот десничарски претседателски кандидат Калин Георгеску се подготвувале да организираат протест во Букурешт откако Уставниот суд ги поништи резултатите од гласањето.