Почетна ПопуларноРодителите на малата Јана бараат странска експертиза за причината за смртта на нивната ќерка

Родителите на малата Јана бараат странска експертиза за причината за смртта на нивната ќерка

од nenad
1 минути читај за
t

Ќе одиме до крај, детето од раце ни беше земено поради лекарска грешка, а тоа ако треба ќе бараме да го потврдат експерти од странство, вели во изјава за Канал 5 Кристина Христовска, мајката на петгодишната Јана.
Ќе одиме до крај, детето од раце ни беше земено поради лекарска грешка, а тоа ако треба ќе бараме да го потврдат експерти од странство, вели во изјава за Канал 5 Кристина Христовска, мајката на петгодишната Јана, што почина пред неколку месеци по примена инфузија во битолската болница. Родителите сметаат дека нема логика во извештајот од судска медицина бидејќи да имала таква пневмонија кои тие навеле како причинско последична врска за настанатата смрт, во самата крвна слика што ја направиле по приемот во Клиниката ќе имала покачени вредности што укажуваат на воспаление, вели мајката.
Од судска медицина во телефоски разговор за Канал 5 велат дека материјалните докази се неспорни, а иако никој во претходни случаи немале надворешна експертиза, примероците се чуваат.
Во меѓувреме, адвокатот на родителите на Јана, Јанаки Митровски кој вчера како нивен полномошник и официјално прати предлог да се вештачи комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци вели оти очекува истиот да се прифати. Сепак од Обвинителството ниту потврдуваат, ниту негираат дека ваквото барање пристигнало.
Министерот Меџити пак, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека неговата надлежност завршила со комисиите, но и со назначување нови раководители на битолската болница по смртта на двете дечиња, Јана и новороденчето што почина по породувањето пред два месеци.
Од Обвинителството досега кажаа дека се уште не е донесена одлука не е донесена одлука за евентуална кривична одговорност.

.