Во новата сезона нашите ракометари влегуваат збогатени со искуствата од минатата година, во која остварија историски резултат и го освоија вицешампионското место во Суперлигата на Македонија. Годинава нашите ракометари ги чекаат големи предизвици – првите европски натпревари и настапи во групната фаза од Европската лига на EHF, каде што РК Алкалоид ќе игра со Силкеборг (Данска), Ла Риоха (Шпанија) и со Војводина (Србија), дуели кои ќе бидат одличен тест за тимот и кои, воедно, во Скопје ќе донесат нови меѓународни ракометни натпревари, на кои ја очекуваме вашата поддршка!
РК Алкалоид изминатата сезона беше составен од македонски играчи, од кои поголем дел млади ракометари, што нѐ прави особено горди на успехот, а и во новата сезона ќе бидеме водени од претходно поставените начела – тимот да биде сочинет од домашни ракометари. Новитет оваа година е тоа што во новата сезона нашиот тим, предводен од тренерот Кирил Лазаров, ќе биде зајакнат со првите двајца странски ракометари кои ќе го носат дресот на РК Алкалоид. Желбата е секогаш да се оди чекор напред и заедно кон нови победи!Само напред, момци! Среќно и храбро во новата сезона.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСe #РКАлкалоид