Почетна МакедонијаРасчистен патот од снег кон планинските села Горно и Долно Јаболчиште во Општина Чашка

Расчистен патот од снег кон планинските села Горно и Долно Јаболчиште во Општина Чашка

од nenad
1 минути читај за
Според него, снежната покривка во овие планински села е 20 сантиметри. Снег врнел до утрово до 4 часот па возило на ЈПДП „Тополка“ се уште е на терен. На патните правци кон овие две сала, како и кон селото Врановци, зимската служба во текот на денешниот ден ќе фрла сол и ризла, за безбедно движење на возилата.

Зимската служба на ЈПКД Тополка по синоќешните врнежи од снег  и во текот на ноќта беше и денеска е на терен со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот кон сите населените места во Општина Чашка. Нивната зимска служба располага со два трактора со секаков вид зимска опрема за расчистување на пат и со едно возило скипер за расчистување на снегот.Павловски ги потсетува жителите од сите населени места на општина Чашка дека е задолжителна употребaта на зимска опрема за движење на нивните  возила. Информира и дека доколку жителите имаат потреба од итна помош, може да се јават на неговиот број: 075 331 340 како лице од Општина Чашка кој ги координира активностите.