По разводот на Мелина и Харис Џиновиќ, пејачката Весна Ѓогани своевремено изнесе тврдења за поранешната сопруга на познатиот пејач.
Имено, по 22 години заеднички живот, Харис и Мелина му ставија крај на својот брак. Прекинoт на нивниот однос, кој се случи пред неколку месеци, го коментираше и Весна Ѓогани, која поради своите зборови беше изложена на критики.
Јас сум во тимот што навива за Харис Џиновиќ. Многу ми е жал за него, бидејќи навистина е грдо сето тоа што му го направи Мелина. Ние тоа го знаевме уште одамна, од салонот во кој доаѓаше. Беше навистина непријатна, постојано зборуваше што прави. Се фалеше пред сите што правела, а ние бевме во шок. Навистина беше грозно. Тоа го коментирав и со другарките и со Ѓоле. Сакав да му кажам на Харис, но Ѓоле не ми дозволи – ми рече: „Не се мешај“ – изјави Весна, па откри дали смета дека разликата во годините била проблем во нивниот однос.
Поврзани објави
Разликата во годините не е пречка. Кога некого навистина сакаш, тоа не треба да ти пречи. Треба заедно да растете и да созревате со текот на времето – заклучи Весна за „Блиц“.
Ѓоле смета дека тоа не ѝ прилега
Критика од страна на Ѓоле следуваше и по нејзиното појавување на аеродромот, кога Весна во изјава за „Блиц“ го коментираше разводот помеѓу Мелина и Харис Џиновиќ, притоа изнесувајќи тврдења за Мелина.
Не сум се сретнала со Мелина, но на Ѓоле тоа му пречеше. Ми рече: „Разбирам дека си се солидаризирала со Харис, но не треба така – тоа не ти прилега“. Се согласувам, малку се излетав. Не кажав ништо лошо, но зошто би зборувала? Не се каам, што сум рекла – сум рекла, и тоа е тоа – изјави Весна.
Фото: Printscreen Instagram