Почетна СветРама: Мобилизација на сите здравствени и логистички структури во загрозените подрачја

Рама: Мобилизација на сите здравствени и логистички структури во загрозените подрачја

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Еди Рама вели дека сите здравствени и логистички структури во областите изложени на ризик од пожари се мобилизирани.

Преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека сите регионални болници се во континуирана координација за оперативна поддршка на структурите.

„Министерството за здравство и социјална заштита веднаш го воспостави итен механизам за мобилизација на сите здравствени и логистички структури во областите изложени на ризик од пожари.

Сите регионални болници се во континуирана координација за оперативна поддршка на структурите вклучени во оваа вонредна состојба“, пишува Рама.


Post Views: 14

Извор : vesnik-ilinden.com

Рама: Мобилизација на сите здравствени и логистички структури во загрозените подрачја