Велигден е време кога природата се буди, а домот се исполнува со боја, мирис и весели моменти. Денес е најубавиот празник во годината, за кој ви носиме идеи за декорации кои ќе создадат незаборавен амбиент.
Подгответе се да го внесете духот на Велигден во вашиот дом, комбинирајќи мотиви од природата и декоративни детали кои ќе го направат празникот посебен.
Декорирани јајца, цветни аранжмани, мирисни свеќи и креативни идеи за подароци – се само некои од начини да го внесете велигденскиот дух во вашиот дом.
1. Креативно велигденско венче
Ова венче може да го направите сами! Ви требаат јајца, жица, бои за јајца, цвеќе и малку креативност. Комбинирајте ги овие елементи и создадете уникатна декорација која ќе го украси вашиот дом.
2. Белата е класика, а со детали до совршенство
Белите чинии на бел стол (или чаршав) се одлична основа за секоја палета на бои. Со цветни аранжмани и миризливи свеќи, вашата трпеза ќе блесне во празничен дух. За вечерната атмосфера, не заборавајте да додадете свеќи кои ќе создадат посебно, топло чувство.
3. Нови идеи за сервирање на велигденскиот појадок
Зошто да не бидете иновативни и да го сервирате велигденскиот појадок на поинаков начин? Изненадете ги вашите најблиски со нов начин на презентација на омилените јадења.
4. За најмладите – анимација и забава!
Децата ќе се забавуваат гледајќи анимиран филм. Комбинирајте забава со празничен дух!
5. Историја и традиција во декорацијата
Поврзани објави
Претворете ја декорацијата во нешто уникатносо мотиви од средновековното ѕидно сликарство. Овие декоративни детали ќе ги задоволат љубителите на историјата и традицијата.
6. Рaчно изработени детали за посебен шмек
Украсете ги вашите јајца со детали од слама, создавајќи автентична и природна атмосфера која ќе го збогати празничното задоволство.
7. Цветни теписи за специјален амбиент
Цветниот тепих ќе внесе природна свежина во вашиот дом и ќе го направи празничниот момент уште поубав. Секој детаљ е важен!
8. Весели и разиграни детали за дворот
Не заборавајте да додадете весели детали и во дворот! Цветни аранжмани и шарени декоративни елементи ќе го направат вашиот двор не само убав, туку и полн со енергија.
9. Идеи за подароци кои ќе ги изненадат вашите најблиски
Мајица со ликот на велигденскиот зајак е одличен подарок кој ќе внесе веселие и радост. Овој мал детаљ може да биде интересен подарок за вашите најмили.
10. Гвен Стефани и нејзините жолти лалиња
Не е лошо да се инспирирате од познатите! Гвен Стефани ги дарува своите најблиски со жолти лалиња – симбол на среќа и радост. Можеби и ви ќе ги изненадите вашите со сличен подарок.
Текст: Убавина и здравје