Почетна СветРадев пресече: Бугарија оди на избори на 2 април

Радев пресече: Бугарија оди на избори на 2 април

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Бугарија, Румен Радев следните вонредни парламентарни избори ги закажа за 2 април.

– Ќе донесам указ за распуштање на Народното собрание на 3 февруари и закажување парламентарни избори на 2 април, рече Радев. Се надевам дека преостанатото време ќе го искористат народните избраници во 48. Народно собрание и дека ќе докажат дека борбата против корупцијата, Планот за закрепнување и одржливост, евроинтеграциите се вистински приоритет, а не само предизборните ветувања – изјави Радев.

– Се надевам дека парламентот ќе обрне внимание на важните закони – законот за антикорупција, за контрола на главниот обвинител и другите закони од Планот за закрепнување и одржливост, кои се во напредна фаза“, истакна тој.

Претходно денеска лидерката на БСП, Корнелија Нинова, утрово официјално му го врати третиот и последен мандат на Радев за формирање влада.

Инспирирано од: infomax.mk