Почетна ПопуларноПутин разговараше со престолонаследникот на Саудиска Арабија

Путин разговараше со престолонаследникот на Саудиска Арабија

од nenad
1 минути читај за

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман ал Сауд за актуелните прашања од мултилатералната руско-саудиска соработка, соопшти прес-службата на Кремљ.

За време на разговорите, внимание беше посветено на мерките за натамошно зајакнување на трговско-економските врски, на реализацијата на потенцијалните заеднички проекти во областа на инвестициите, транспортната логистика и енергетиката.Путин и саудискиот престолонаследник детално разговараа и на темата за обезбедување стабилност на глобалниот енергетски пазар.

„Двете страни високо го оценија нивото на соработка во рамките на „ОПЕК плус“, што овозможува да се преземат навремени и ефективни чекори за одржување на рамнотежата меѓу понудата и побарувачката на нафта. Беше забележано значењето на договорите постигнати на неодамнешниот министерски состанок во Ријад“, соопшти Кремљ.

Претходно беше најавено дека организацијата ОПЕК плус ќе го намали вкупниот обем на производство на нафта за уште 1,4 милиони барели дневно од 2024 година.едв

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.