Почетна ТехнологијаПУКАНО ВО ВРАБОТЕНА ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП Напаѓачот ја демнел подолго време

ПУКАНО ВО ВРАБОТЕНА ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП Напаѓачот ја демнел подолго време

од nenad
1 минути читај за

Повредената веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, е во стабилна состојба Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот.

Таа веднаш била пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, е во стабилна состојба. Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13.55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот. Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демнел.