Почетна ЕкономијаПротести против Маск глобално – biznisvesti.mk

Протести против Маск глобално – biznisvesti.mk

од nenad
2 минути читај за

Вчера, илјадници поединци низ целиот свет се приклучија на апелот на Движењето „Да ја собориме Тесла“ и демонстрираа пред продавниците за автомобили на компанијата Тесла, искажувајќи го својот револт кон политичкото влијание на Илон Маск.

Освен демонстрациите низ САД, собири се одржаа и во Австралија, Нов Зеланд, Канада, Ирска, Германија, Швајцарија, Франција, Велика Британија и други европски земји. Движењето „Да ја собориме Тесла“ ги повикува граѓаните да преземат три конкретни мерки: да не купуваат Тесла, да ги продадат акциите во Тесла и да се придружат на протестите.

Еден од слоганите е: „Да и се наштети на Тесла значи да се сопре Маск. Запирањето на Маск значи спасување животи и демократија“.

Во Ирска, протестите се одвиваа под мотото „Смачкај го фашистот“ (Smash the Fash), додека пораката од Швајцарија беше „Да го собориме Доге“, алудирајќи на новото американско федерално тело Департмент за владина ефикасност. Организаторите на протестите тврдат дека примарната цел на Движењето е ненасилен отпор, но дека нема повеќе време за одложување. Тие потенцираат дека: „Никој нема да не спаси освен нас самите“.

Иако демонстрантите во САД ги оштетуваат и објектите на Тесла, организаторот се дистанцира од таквите напади, нагласувајќи дека се мирољубиво Движење, кое е против насилно однесување и уништување на имот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја форма на насилство врз имотот на Тесла ќе биде квалификувана како домашен тероризам.

„Мирните протести на јавна површина не се домашен тероризам“, соопшти Движењето.

Протестите и вандализмот започнаа откако Маск стана дел од администрацијата на Трамп и поради неговите контроверзни политички погледи. Маск, на инаугуративната вечер, поздрави со кревање на десната рака, што беше интерпретирано како фашистички поздрав. Голем број поединци низ САД првично го искажаа својот гнев со мирни протести, кои потоа прераснаа во насилство и оштетување на имот.

Паралелно со ова, продажбата на возилата Тесла на клучните пазари бележи пад. Продажбата во Германија е значително намалена; во февруари беа продадени 76 проценти помалку автомобили отколку во истиот период минатата година, и покрај зголемувањето на вкупната продажба на електрични автомобили за 31 процент. И во Кина е забележан пад на продажбата за 11,5 проценти во однос на минатата година. Во Норвешка, Данска и Шведска е констатирано намалување на продажбата од 40 проценти, додека во Франција тој изнесува 26 проценти. ми/фото: ЕПА. Извор: МИА.