Двајца заменици министри во кабинетот Рама 3 се очекува да ги напуштат позициите за да се приклучат на дипломатијата. Новинарот на Топ чанел Мухамед Велиу, повикувајќи се на владини извори, дознава дека двајцата заменици министри кои се Артемис Мало и Бесарт Кадија.
Артемис Мало, моментално заменик министер за надворешни работи, доби одобрение од премиерот Еди Рама да стане амбасадор на Албанија во Канада.
Во меѓувреме, другиот заменик министер за надворешни работи Бесарт Кадија својата кариера ќе ја продолжи во дипломатијата, Кадија е предложен да биде амбасадор во Азербејџан.
Дипломатот Ернал Фило, избран за прв амбасадор на Албанија во Украина, во средата наутро се појави на собраниската Комисија за надворешни работи.
Дипломатот од кариера Ернал Фило неколку години ја извршуваше функцијата амбасадор на Албанија во Црна Гора.
Post Views:
92
Извор : vesnik-ilinden.com
Промени во владата Рама 3, заминуваат двајца заменици министри